More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 02.03.2022

    spot_img

    На 01.03.2022 околу 21.50 часот во тетовско Пршовце, врз основа на судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 23-годишникот А.Х. од истото село за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

     На 02.03.2022 околу 00.40 часот во тетовски Порој, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот А.К. од ова село затоа што претходно се обидел да изврши тешка кражба во помошен објект од куќа на жител на Порој. При лишувањето кај него бил пронајден и одземен нож. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

     На 01.03.2022 во перидоот од 21.10 часот до 22.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Скопски пат“ во Тетово. Притоа, биле откриени и законски санкционирани 7 лица кои не поседувале „ковид-сертификати“ и на кои ќе им бидат изготвени соодветни поднeсоци, а против правното лице ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

     На 01.03.2022 во 14.10 часот на бул.„Гоце Делчев“, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода Р.М.(19) од Скопје, со престој во прифатен центар Визбегово. Таа била затекната додека питачела со малолетно дете и се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање  на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.  Со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, а бил известен и  Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.   

     На 01.03.2022 во Полициската станица Карпош бил приведен Л.Г.(18) од Романија. Тој се  сомничи дека на 17.02.2022 измамил 77-годишна жена од Скопје, односно дека сторил кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тој се претставил како бизнисмен од странска земја и нудел  предмети на продажба, а притоа барал да му се плати во злато. Со Л.Г. бил извршен службен разговор во присуство на Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 01.03.2022 во 10.00 часот во ОВР Гвгелија, од Казнено-поправната установа „Затвор Гевгелија“ било пријавено дека при претрес кај осуденото лице А.Г. била пронајдена марихуана. Полициски службеници извршиле увид и ја одзеле дрогата за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против А.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 01.03.2022 во 14.00 часот Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, при  извршена пасошка контрола на М.Р.М.(44) од Непал било констатирано дека има нерегулиран престој. Тој бил предаден на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

      На 01.03.2022 во 12.30 чaсот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, а по барање на Одделот за странци при регионалниот центар за гранични работи Север, го лишиле од слобода С.А.(41) од Турција, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поднесување лажни докази“ по член 366-а од Кривичниот законик. Известен бил Јавен обвинител, а С.А. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

     На 01.03.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 7 надвор од населено место и 13 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 34 други видови на прекршоци, од кои 14 за управување возило без возачка дозвола, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 8 за прекршоци направени од пешаци и 7 за непрописно паркирање.

     На 01.03.2022 во 20.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Никола Минчев“ и бул.„Македонија“ во Кавадарци, патничко возило „тојота ланд крузер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кавадарци, удрило во П.Ч.(83) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни поврди се здобил П.Ч. и бил пренесен во Општа болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде на 02.03.2022 во 00.05 часот починал. Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.  

     На 01.03.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.А.(60) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img