Британските продуценти и пријатели на познатата австралиска актерка Марго Роби и британската манекенка и актерка Кара Делевињ наводно биле уапсени по инцидентот со папараците во Аргентина.
Се претпоставува дека актерката и манекенката биле на вечера во ресторанот „Патагониа Сур“ во Буенос Аирес кога околу три часот наутро им пришле фотографи.
Деловниот партнер на Маргот Роби и филмски продуцент Џози Мекнамара и продуцентот Жак Хопкинс наводно се степале со фотографот Педро Алберто Оркуера пред ресторанот при што му била скршена раката на Оркуера.
Мекнамара и Хопкинс биле уапсени и одведени во полициска станица на сослушување. Роби (32) и Кара Делевињ (30) го напуштиле местото. Тие се дружеа со двајцата продуценти во популарниот ресторан кој го води познатиот аргентински готвач Френсис Малман, откако биле на Модната недела во Париз.
Во моментот кога се случил инцидентот со фотографот, Марго и Кара си заминале со автомобилот. Се верува дека сведоците се јавиле на итната помош кога избила расправија и Оркуера бил однесен во болница на понатамошно лекување поради неговата повреда.
Мекнамара и Хопкинс се појавиле на суд додека Марго Роби и Кара Делевињ полетале за јужна Аргентина подоцна истиот ден.