Францускиот претседател Емануел Макрон гледа „огорченост“ во очите на рускиот претседател Владимир Путин, поради неговото верување дека Западот сака да ја уништи неговата земја. Ова тој го изјави за Си-Би-Ес Њуз во неделата. Макрон додава дека оваа огорченост кон западниот свет е веројатно поткрепена со „чувството дека нашата перспектива беше да ја уништиме Русија“.
На истото прашање во 2001 година, да го процени Путин, Џорџ Буш помладиот рече:
– Забележав дека е многу директен и доверлив.
Но, сега САД и Русија се во нова Студена војна, а Франција е негде измеѓу. Макрон кој пред неколку денови имаше средба со Џо Бајден и ги зачуди западните сојузници со изјава по средбата дека САД и НАТО сепак треба да ѝ понудат безбедносни гаранции на Русија во замена за мир, вели дека Франција никогаш не имала за цел да ја уништи Русија.
– Не верувам дека ова е нашата перспектива. Тоа никогаш не било наша перспектива во Франција – изјави Макрон.
– Постоеше јасна свест за тоа како рускиот народ беше голем народ, со голема историја. И неговата перспектива и веројатно неговата судбина беше да обнови, можеби, империја – додава тој.
Треба ли Западот да обезбеди некакви гаранции за Москва ако сака мир? Властите во Киев, балтичките земји, Полска, Шведска и Финска остро го осудија предлогот на францускиот претседател.
Но, имаше и гласови на поддршка за Макрон сојузниците и толкувања дека тоа е резултат и од самите разговори кои тој ги имаше со Џо Бајден. По таа средба, меѓу другото, Бајден стави до знаење дека е „подготвен да разговара со Путин доколку е заинтересиран да стави крај на војната“, иако, како што додаде, тоа сè уште не го видел на дело.
Германскиот канцелар Олаф Шолц деновиве разговараше телефонски со Путин и рече дека Европа треба да се врати на „мирниот поредок пред војната“ со Русија и дека „треба да се решат сите заеднички безбедносни прашања“, под услов Путин да ја изрази својата подготвеност да се откаже од војна и од закани за соседите.