Косовскиот премиер Албин Курти ја одби поканата на премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски за учество на регионалната иницијатива Отворен Балкан што ќе се одржи во Охрид на 7 и 8 јуни.
Курти во писмото вели дека Косово е посветено на Берлинскиот процес, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).
РСЕ потсетува дека „Берлинскиот процес“ е иницијатива на неколку земји-членки на ЕУ предводени од Германија, чија цел е зголемување на соработката со Западен Балкан, унапредување на регионалната соработка и европската перспектива на регионот, додека Отворен Балкан е иницијатива покрената од Србија, Албанија и Северна Македонија, со цел создавање заеднички политички и економски простор.
Курти оцени дека Косово и Северна Македонија треба да соработуваат за да ја спречат Србија да ги промовира руските и кинеските интереси во земјите од регионот.
„Со оглед на заедничките вредности меѓу нашите две земји, во наш интерес е да работиме заедно за да ја спречиме Србија да ги промовира своите руски и кинески интереси во нашиот регион, притоа постојано негирајќи ја независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и блокирајќи ги еднаквите можности за Косово. граѓани.“ – напиша Курти.
Косово смета дека земјите од регионот треба да останат посветени на агендата на Европската унија и на негување на трансатлантските односи и додаде дека не ја поддржува иницијативата Отворен Балкан бидејќи тоа е „штетна регионална иницијатива без визија“.
Исто така, Косово не сака да се приклучи на таа иницијатива бидејќи Србија не го третира Косово како рамноправна страна, односно како независна земја.