More

    Ковачевски: Владата реагираше веднаш на почетокот на енергетската криза, кога го намали на ДДВ на електрична енергија и изврши субвенционирање на 80 отсто на сметките на граѓаните

    spot_img

    На прашањето кога може да се очекуваат нови пакет мерки за граѓаните и компаниите, при посетата на компанијата „МАК ТАБ“ во Пробиштип,  премиерот Ковачевски истакна дека Владата реагираше веднаш на почетокот на енергетската криза, кога го  намали  на ДДВ на електрична енергија и изврши субвенционирање на 80 отсто на сметките на граѓаните, бидејќи 80 отсто од цената на електрична енергија е субвенционирана од страна на државата и  посочи дека тие мерки продолжуваат до крајот на оваа година.

    Во однос на храната, како што подвлече,  прво беа замрзнати цените на прехранбените продукти, а потоа кога таа мерка го исцрпи својот капацитет,  беа ограничени маржите во мало и големопродажбата.

    Не се сите мерки укинати, дел ќе бидат редизајнирани

    Во овој момент, истакна Ковачевски, се прави редизајн  на дел од мерките и кога ќе бидат направени сите анализи ќе биде воведен нов сет на мерки.

    – Не се сите мерки укинати. Поддршката која се дава на граѓаните со најниски примања е останата на сила, следува усогласување на пензиите во септември. Во најголемиот дел од секторите, во јавниот сектор платите се зголемуваат. Исто така во делот на електрична енергија остануваат мерките до крајот на годината – рече Ковачевски.

    Нови 80 милиони за кризи во ребалансот на буџетот

    Што се однесува до претстојниот ребаланс на буџетот што е предвиден и предложен во Собранието, веќе се предвидени нови 80 милиони евра за антикризни мерки.

    – Знаете дека во пакетот од 400 милиони евра имаше дел кој се однесува на компаниите и тоа повеќе мерки за гарантен фонд за подигнување на кредити, потоа кредити со ниска каматна стапка за одржување на ликвидноста и кредити преку развојната банка и комерцијални банки со субвенционирани камати заради енергетска трансформација и имплементација на обновливи извори на енергија во компаниите. Една од тие компании е и „МАКТАБ“ која информираше дека е во финална фаза на отпочнување на изградба на 6 мегаватна централа која што ќе ја снабдува фабриката со електрична енергија – истакна Премиерот.

    Нема потреба од активирање на стоковите резерви

    Премиерот Ковачевски на новинарско прашање истакна дека стоковите резерви се на ниво кое е пропишано со закон и дека тековно се менаџираат и дека нема потреба да се активираат затоа што нема недостаток на храна и енергенси.

    – Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтените деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70 отсто се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло – истакна Премиерот..

    Имаме непречен проток на храна

    Во однос на храната, како што подвлече, се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги имаме и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци.

    – Ние во моментот немаме недостатоци на храна во државата, бидејќи преку директни контакти со соседните држави доминантно со Република Србија, Грција, Албанија обезбедивме непречен проток прехранбени производи – рече Ковачевски.

    Во однос на цените на производите во малопродажбата, Ковачевски нагласи дека е информиран за одредени злоупотреби и дека нема да се дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи.

    Инспекциите ќе работат на терен

    Во однос на цените на производите во малопродажбата, Ковачевски потсети дека веќе и дел од министрите информираа дека нема да се дозволи дел од дистрибутерите да ја злоупотребуваат позицијата на растечки цени од увоз и на тоа да додаваат поголеми маржи.

    – Инспекциите ќе работат на терен и ќе нема никаква селективност во инспекциите и спроведување на законот, на добрите практики на однесување во услови на најголема криза – рече Премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img