More

    Клубот „Вапцаров“ ќе ги негува идеалите на Гоце

    spot_img

    Културниот момент е тој којшто навистина може да ги зближи народите, да ги надмине разликите, тоа е нешто што отклонува, а не ја зголемува омразата, во согласност со европскиот принцип – обединети во различностите – истакнаа иницијаторите и организаторите на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров”, што беше отворен денеска во Благоевград.

    Тие нагласуваат дека клубот ќе помога во Бугарија да се запознаат со македонската култура, а преку неа и со македонскиот народ.

    Македонците од Бугарија читаа поезија од поетот Никола Вапцаров, каде тој ја споменува Македонија. Вапцаров го нарекоа човек-симбол на Македоцните во Бугарија. Во клубот, меѓ удругото, ќе има книги кои ќе помогнат за подобро запознавање со македонската култура.

    Еден од организаторите, Милан Ризаков од ОМО „Илинден” Пирин, посочи дека клубот се отвара во духот на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, цитирајќи ја неговата мисла „јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”, посочувајќи дека меѓу двата народи треба да се градат мостови, а не ѕидови.

    – Обвинувани сме за непријатели, кога намерите ни се пријателски, обвинувани сме за сепаратисти, кога стремежот ни е уривање на граници и обединета Европа, за противзаконски кога сакаме да работиме во рамките на законите. Целки 32 години напорите ни беа да регистрираме наше здружение со кое што ќе учестуваме во културниот, општествен и политички живот. Земјата е 15 пати осудена за тоа во Европскиот суд за човекови права, а ние не сакаме да се судиме со никого. Ние едноствано сакаме да сме рамноправни како останатите граѓани, сакаме да можеме да се нарекуваме Македонци, а за тоа да не бидеме навредувани, да можеме да се собираме и да твориме без страв, да бидеме од корист за двете држави и за двата народи затоа што им ја познаваме душата и културата – истакна тој.

    Атанас Мазнев, еден од основачите, упати благодарност до сите кои ги поддржале отворањето на клобот и порача дека идеите за основањето на клубот се градење на мостови меѓу двата народи и ново културно пространство во кое ќе учествуваат двете држави.

    – Голема благодарност до сите Македонци од Пиринска Македонија кои ни го поддржаа моралот и тоа ни даде сила да стоиме цврсто во дадени моменти. Упатуваме благодарност до Раде Силјан кој донираше 300 тома литература за нашиот клуб, тоа за нас е богатство. Тука имаме Македонци од четири држави и имаме поздрави од Европа и Америка. Ова е сеопшт македонски собир и како таков сакаме да изградиме мост меѓу двата народи, меѓу двете држави. Тоа во аманет ни го остави Гоце Делчев – рече Мазнев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img