Кинеското Министерство за надворешни работи во петокот ги повика сите страни да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки на Украина, откако избувна пожар во комплексот на нуклеарната централа Запорожжја по нападот на руските сили.
„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги повикаме сите страни да покажат воздржаност, да избегнуваат ескалација и да ја гарантираат безбедноста на соодветните нуклеарни постројки“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи на дневниот брифинг.
Пожарот избувна откако руските сили го нападнаа комплексот на електраната Запорожје – најголемата нуклеарна централа во Европа. Во меѓувреме беше исклучен, а украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека нема загинати и повредени.
Гореше зградата на тренинг комплексот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските тенкови биле насочени кон блоковите на реакторот.
Локалните власти во петокот објавија дека руските воени сили зазеле нуклеарна централа во Запорожје.
Украинскиот нуклеарен регулатор не откри „никаква промена“ во нивото на радиоактивност во електраната во Запорожје, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).