More

    Киев одговори, „ова е цинична измама и елемент на пропаганда“

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина, почнувајќи од пладне на 6 јануари до полноќ на 7 јануари.

    Претходно западни медиуми јавија дека прекинот на огнот ќе почне на полноќ на 6 јануари.

    Русија ја повика Украина да прогласи прекин на огнот и да им се дозволи на луѓето да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божик.

    Според соопштението од Кремљ, прекинот на огнот ќе трае  до полноќ в сабота. Руските власти ја повикаа украинската страна да „прогласи прекин на огнот и да им овозможи на граѓаните да присуствуваат на божиќните богослужби”.

    Како одговор, украинскиот претседателски советник Михаил Подољак го нарече предлогот „цинична измама и елемент на пропаганда”.

    Одлуката за едностран прекин на огнот од руска страна доаѓа откако тоа од Путин го побарал и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор. Ердоган зборувал и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговите нови обиди да посредува за ставање крај на 10-месечната војна.

    Во разговорот Путин рекол дека е отворен за преговори ако Украина ја признае новата територијална реалност. На ова подоцна Киев излезе со свој одговор:

    – Киев отфрла каков било мировен договор со Москва што ќе ѝовозможи на Русија да ја задржи окупираната украинска територија од руските сили – изјави денеска советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак.

    „Руската Федерација (Путин) под зборот разговор им нуди на Украина и на светот да го признаат нејзиното право(на Русија) да окупира странски територии и да го решат отсуството на правни последици за масовните убиства на странска територија. Тоа е целосно неприфатливо“, напиша Подољак на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img