More

    Киев им ја укина акредитацијата на некои западни новинари, меѓу кои и CNN

    spot_img

    Украинската војска им ги укина акредитациите на неколку западни новинари по нивното известување од неодамна повторно заземената област Керсон, соопштија официјални лица во понеделникот.

    -„Неодамна, некои претставници на медиумите ги игнорираа постоечките забрани и предупредувања и почнаа да известуваат од Керсон без согласност на воените команданти и релевантните сектори за односи со јавноста, дури и пред да бидат завршени мерките за стабилизација“, напиша Генералштабот на Фејсбук, објаснувајќи ја мерката.

    Останува нејасно за кои новинари станува збор.

    Според извештаите на медиумите, најмалку шест дописници на Си-Ен-Ен и Скај њуз ја изгубиле акредитацијата.Според украинскиот медиумски портал „Детектор.медиа“, на двајца новинари од украинскиот интернет канал „Хромадске“ им биле одземени и воените ингеренции поради известување од Керсон.

    Руската армија кон крајот на минатата недела се повлече од северозападниот дел на регионот Керсон, вклучувајќи го и регионалниот главен град.

    Украинската армија полека навлегува во овие области како мерка на претпазливост.

    Претседателот Володимир Зеленски рече дека една од најважните итни мерки е деминирање на Херсон и околните области.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img