More

    Кантри-ѕвездата Доли Партон изјави дека се повлекува од овогодинешната номинација за Куќата на славните на рокенролот

    spot_img

    Кантри-ѕвездата Доли Партон изјави дека се повлекува од овогодинешната номинација за Куќата на славните на рокенролот, објаснувајќи дека не го заслужила тоа, пренесоа американските медиуми.

    За причините за повлекувањето музичката икона се изјасни преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека не сака на другите номинирани кандидати да им ги зема гласовите.

    „Многу сум благодарна што сум номинирана за влегување во Куќата на славните на рокенролот, тоа многу ми ласка, но мислам дека тоа не го заслужив. Навистина не сакам гласовите да мора да се делат поради мене и затоа ќе се повлечам“.

    Нејзиното име се појави на листата на кандидати за Куќата на славните на рокенролот минатиот месец меѓу голем број други познати имиња, како Еминем, Лајонел Ричи, Кејт Буш, Диана Ворвик и групите „Дуран Дуран“, „Еуритмикс“ и „Њујорк долс“.

    „Се надевам дека Куќата на славните ќе го разбере мојот потег и дека повторно ќе ме земе предвид, доколку некогаш го заслужам тоа“, рече Партон.

     

    ФОТО: Инстаграм/Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img