More

    Кампања на шпанската влада: Телото на секоја жена е подготвено за на плажа

    spot_img

    Шпанското Министерство за еднаквост започна летна кампања за да ги охрабри жените загрижени за тоа како изгледаат нивните тела да излезат на плажа.

    „И летото е наше“, гласи слоганот над видеото на пет различни жени, со различни форми и големини на телото.

    „Сите тела се за на плажа“, изјави министерот за социјална заштита Јоне Белара, а пренесува Би-би-си.

    Според раководителот на Женскиот институт, Антонија Морилас, физичките очекувања влијаеле не само на самодовербата на жените, туку и ги ускратиле нивните права.

    Сликовната илустрација на кампањата, која прикажува пет жени како се опуштаат на плажа, вклучува и жена топлес по мастектомија.

    Од Женскиот институт, кој стои зад оваа иницијатива, посочуваат дека ова е обид да се покаже дека сите тела имаат вредност.

    Жените треба да уживаат во летото, каде и со кого сакаат, се вели во огласот. Денеска наздравуваме лето за сите, без стереотипи и естетско насилство врз нашите тела“, е пораката од кампањата.

    Но, не сите беа импресионирани од кампањата.

    Некои се прашуваа дали треба да се прошири на мажите кои немаат таканаречени стандардни тела, додека лидерот на левицата Кајо Лара рече дека кампањата го претставува врвот на апсурдноста со обидот да „создаде проблем таму каде што го нема“.

    Министерката за еднаквост Анџела Родригез Пам објави порака на Твитер до мажите кои веруваат дека на жените не им треба дозвола од министерството за да одат на плажа. „Секако дека одиме на плажа, но претпоставуваме дека ќе привлечеме омраза поради тоа што покажуваме тело кое не е стандардно“, рече таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img