Камерите го фатија непримерниот гест на Мбапе во тунелот: „Каков примитивен“
Француската суперѕвезда Килијан Мбапе се помалку се однесува според својот статус. Напротив, човекот кому милиони деца ширум светот му се восхитуваат се претвори во тежок примитивец.
Така барем го нарекуваат навивачите на ПСЖ, кои се згрозени од гестот на нивната ѕвезда на мечот со Оксер.
Иако парижаните ги прегазија немоќните посетители со 5:0 на „Паркот на принцовите“, камерите го забележаа непримерниот гест на Килијан Мбапе кон ривалскиот играч, што многу фанови утрово го осудија на социјалните мрежи.
„Каков примитив“, напишаа многу фанови откако на социјалните мрежи протече видео на кое Мбапе се фаќа за меѓуножјето додека фрла нешто на својата „жртва“ што минува во тунелот.