Само што се роди, бебето Чанко стана неверојатно познато како бебе со најгустата и најубавата коса на светот. Тоа беше во 2018 година, а популарноста дојде во вид на реклама за шампони, разни средства за коса итн.
Нејзината мајка набрзо решила да отвори посебен инстаграм-профил за малата Чанко, каде секојдневно споделувала фотографии од нејзините симпатични, слатки фризури. Веќе во 2019 година профилот имал повеќе 300.000 следбеници!
Чанко денес има четири години, и понатаму е популарна, а светот може да ги следи нејзините авантури не само на Инстаграм, туку и на Твитер и Јутјуб.
Секако, сè уште ја краси нејзиниот заштитен знак – неверојатно бујна и долга коса.
Интересно е дека девојчето уште како бебе заработувало големи количини пари снимајќи реклами за шампони, препарати за коса и фенови, а и ден-денес склучува бројни деловни ангажмани.
ФОТО: Инстаграм