Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров изјави дека Русија не е против Украина, туку против НАТО.
„Денес не се бориме против Украина, ние се бориме против НАТО. „НАТО ги вооружува, Западот ги вооружува, нивните платеници се таму“, ја цитира РИА Новости изјавата на Кадиров.
Тоа го рече при своето обраќање на едукативниот маратон „Нови хоризонти“ на друштвото „Знаење“.
Кадиров претходно изјави дека агресијата, или како што ја нарекува – специјална операција, се одвива според планот во Украина.
Кадиров во острото обраќање до јавноста рече и дека германскиот канцелар Олаф Шолц „се однесува шизофренично“, а секако не го прескокна коментарот за потезите на американскиот претседател Џо Бајден.
„Американскиот претседател Џо Бајден му диктира на Западот, иако ништо не разбира“, рече Кадиров.