Идилично гратче на југот на Италија им нуди на луѓето 30.000 евра да купат куќа и да се вселат во неа, надевајќи се дека ќе го оживее сè попразниот центар на градот. Меѓутоа, бидејќи таму цените на недвижностите се толку ниски, понудената сума е доволна за многумина да купат и поправат една од куќите во центарот на градот.
Градовите ширум Италија секојдневно смислуваат нови идеи за да привлечат нови жители во своите градови: од бесплатно продавање трошни куќи до куќи со пристапни цени подготвени за вселување. Живописниот град Пресиќе последен се одлучи за интересен потфат. На луѓето кои се подготвени да купат и да се вселат во празни станови им се исплаќаат и до 30.000 евра, пишува CNN.
За да учествуваат во проектот, апликантите мора да купат еден од становите во градот, кои се специјално обележани од градските власти и се изградени пред 1991 година. Цените на куќите започнуваат од 500 евра за метар квадратен, што значи дека секоја од куќите може да се купи и за помалку од понудената сума на пари. Според надлежните, 25.000 евра треба да бидат доволни за купување и евентуално поправка на стан од 50 квадрати.
Финансиите кои градот ги доби со спојување со помала соседна заедница уште некое време нема да се исцрпат, па градот може да продолжи со проектот уште неколку години.
Градот има околу 9.000 жители, а околу половина од нив живеат во внатрешното градско јадро.
Како и другите евтини имоти во Италија, овие куќи беа напуштени пред извесно време од нивните првични сопственици. Покрај цената, локацијата е и атрактивна, бидејќи градот се наоѓа на југот на Италија, во близина на песочните плажи и тиркизното море. Градските власти се надеваат дека оваа понуда ќе му даде нов живот на градот, бидејќи неговата популација се намалува од година во година.
„Има многу празни куќи во центарот на градот каде сакаме да видиме нови жители“, изјави градскиот советник Алфредо Палезе за Си-Ен-Ен. Срамота е да се види како полека се празни нашиот стар град, полн со историја, прекрасна архитектура и уметност“, додаде тој.
Ова не е единствената шема што сакаат да ја користат за да привлечат нови жители во градот. Меѓу другото, новите деловни активности имаат помал данок, а семејствата со деца добиваат детски додаток.