Извршниот директор на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“ беше фотографиран во јули како со пријателите се забавува на јахта закотвена на брегот на Миконос во Грција.
Маск беше фотографиран без маица додека се сончал на луксузната јахта, а фотографиите предизвикаа коментари во кои го нарекуваат „дебел“ и „блед“.
Поради екстремно белиот тен, Илон го споредуваа со Каспер, крекери, Снешко, па дури и со варено пилешко.
Додека обожавателите застанаа на страната на милијардерот, изгледа дека основачот на „Спејс Икс“ критиките ги сфатил сериозно.
Маск во неделата на следбениците на Твитер им откри дека „повремено постел“ т. н. „фастинг“, според советот од „добар пријател“, за да се чувствува поздраво и како резултат на тоа изгубил речиси 10 килограми.
Милијардерот се надоврзал на својот прв твит, велејќи дека користи Zero, здравствена апликација која им помага на луѓето да го следат повременото постење и смета дека е „прилично добра“.