Актуелниот европски првак Челзи против Реал Мадрид е една од четирите четвртфинални двојки во фудбалската Лига на шампиони, кои денеска беа извлечени со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Бенфика ќе игра против Ливерпул, Виљареал ќе ги одмери силите со Баерн Минхен, додека Манчестер сити за противник го одби Атлетико Мадрид.
Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 5 и 6 април, а реваншите на 12 и 13 април.
Финалето е закажано за 28 мај во Париз.
Денеска се одржа жрепка и за натпреварите од Лига Европа.
Фудбалерите на шпанска Барселона ќе играат против бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналето, одлучи попладнево жрепката во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион.
Во преостанатите натпревари, Лајпциг ќе игра против Аталанта, Вест Хем за противник го доби Лион, додека Брага за пласман во полуфиналето ќе мора да го елиминира Глазгов Ренџерс.
Четвртфиналните натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување се на програмата на 7 и 14 април.
Лига Европа – четвртфинални двојки:
Лајпциг – Аталанта
Ајнтрахт Франкфурт – Барселона
Вест Хем – Лион
Брага – Глазгов Ренџерс.