Утрово, 23.11.2022 година, во 06.50 часот, сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа слаб земјотрес со епицентар на 8 километри источно од Задар, во близина на градот Црно.
Земјотресот бил со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил III степен според ЕМС, извести Сеизмолошката служба.