Се очекува денеска Володимир Зеленски да пристигне во Брисел каде ќе се сретне со лидерите на земјите од ЕУ.Украинскиот претседател ја започна својата европска турнеја со посета на Велика Британија и Франција. Ова е само негово второ патување во странство од почетокот на руската инвазија пред речиси една година.
Во средата вечерта тој пристигна во Париз, втората станица од неговата ненајавена европска турнеја, каде што се сретна со францускиот претседател и германската канцеларка, која му вети натамошна поддршка.
Пред Париз, Зеленски беше во Лондон, од каде упати повик до сојузниците да му испратат борбени авиони за да ја совлада Русија.
Истата покана ја испрати и од Париз. „Колку побрзо Украина добие тешко оружје со долг дострел, толку побрзо ќе добие авиони, толку побрзо ќе заврши руската агресија и ќе може да се врати мирот во Европа“, рече тој.