More

    За Борел, Украина во НАТО не е фундаментално прашање

    spot_img

    Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска оцени дека приемот на Украина во НАТО „во овој момент не е фундаментално прашање”.

    Во интервју објавено за шпанската телевизија 24 Орас, Борел денеска зборуваше за нуклеарната закана на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека „таков ризик навистина постои” и потсети дека рускиот лидер рекол дека тоа е „вистинска закана”.

    – Овие закани дополнително ја изолираат Русија, но сепак мора да се сфатат сериозно – рече Борел.

    Првиот европски дипломат додаде дека со припојувањето на четирите украински територии кон Русија, „Путин го отежнува, па дури и го прави невозможно завршувањето на војната”.

    Нагласи дека е важно да се продолжи со досегашната поддршка за Украина и со санкциите кон Русија кои, како што потврди, даваат ефект.

    – Ова е првпат ЕУ да ги искористи своите средства за набавка и испорака на оружје за земја во војна. Благодарение на тоа и придонесот на САД, Украина може да се одбрани – рече Борел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img