Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави по враќањето од Сочи дека Турција ќе го плати рускиот гас во рубли.
„Позитивен аспект од нашата посета на Сочи е договорот со господинот Путин за плаќање во рубљи“, изјави Ердоган на новинарите по враќањето од Сочи, каде што се сретна со Путин.
Двајцата претседатели се договориле испораките на руски гас за Турција „делумно да се плаќа во рубли“, најави рускиот вицепремиер Александар Новак.
Ердоган не го прецизираше обемот на идните трансакции во рубљи.
Русија со месеци се обидува да наметне сопствена валута за плаќање гас, поради санкциите што и ги воведоа западните земји поради инвазијата на Украина.
Иако брзо ја осуди руската офанзива, Турција се одлучи за неутралност и не се приклучи на западните санкции против Москва.
Во 2021 година, Русија обезбеди околу една четвртина од увезената нафта на Турција и 45 отсто од природниот гас.
Ердоган и Путин во Сочи се договорија и за зајакнување на енергетската и економската соработка.