More

    Енергетскиот Коридор 8 придобивка за економиите на трите земји

    spot_img

    Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани остварија работна средба со владината делегација од  Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

    Тие ја посетија трансформаторската станица Битола 2 на АД МЕПСО, која енергетски ги поврзува РС Македонија и Република Албанија, и преставува дел од поширокиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување, дел од Коридорот 8.

    – Оваа инвестиција ќе преставува уште еден капитален енергетски проект, дел од Коридорот 8 , преку кој сите земји ќе имаат бенефит: Република Северна Македонија – да овозможи транзит и дополнителна диверзификаија на снабдувањето со електрична енергија; Република Албанија ќе добие пристап до изворите на енергија во Северна Македонија и Бугарија; додека Република Бугарија ќе добие можност да ја поврзе својата мрежа со најзападните делови на Балканот, и со тоа можност да го понуди вишокот на електрична енергија и на европскиот пазар – изјави Османи.

    Тој посочи дека се работи за мерливи придобивки, особено во денешните околности, кога енергетското снабдување станува посебно важно геополитичко прашање.

    – Се надевам дека во иднина не чекаат бројни вакви посети на градилиштата на пруги, на автопати, на нови гранични премини, како што беше промоцијата и на новата авио линија меѓу Скопје и Софија – рече Османи.

    Тој изрази уверување дека е тоа најдобриот начин да се стави поголем фокус во меѓусебната соработка на иднината отколку на минатото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img