More

    Експертите откриваат документ на Кремљ кој му дава алиби да го стисне копчето за лансирање

    spot_img

    „Целта на Западот е да ја уништи Русија. Тие отворено кажуваат дека успеале да го поделат Советскиот сојуз во 1991 година и дека сега е време Русија да се распадне на многу региони и области кои се непријателски настроени едни кон други“.

    Оваа изјава од говорот на рускиот претседател Владимир Путин, според воените аналитичари, е всушност изјава-алиби, со која тој би можел да ја оправда употребата на нуклеарно оружје во војната со Украина поддржана од Западот.

    Последниот од четирите услови во кои Русија би можела да употреби нуклеарно оружје, дефинирани во документот на Кремљ од јуни 2020 година под наслов „ Принципи на државната политика на Руската федерација во сферата на нуклеарното одвраќање“, е токму „агресија против Русија со користење конвенционално оружје што го загрозува самото постоење на државата“.
    Другите три услови се балистички ракети лансирани кон територијата на Русија или кон сојузниците, користење нуклеарно или слично оружје против Русија или против нејзините сојузници и нарушување на способностите на Русија за нуклеарна одмазда.

    Путин ја објасни својата закана како одговор на „нуклеарната уцена“ на која Русија наводно е изложена.

    – Ги предупредувам оние кои не уценуваат со нуклеарно оружје дека поседуваме и оружје за масовно уништување кое е помодерно од она на НАТО и ќе го користиме за да се заштитиме. Не блефирам! Територијалниот интегритет на нашата татковина, нашата независност и слободата ќе биде обезбедена, повторувам, со сите средства со кои располагаме – рече рускиот лидер.

    Одлуката за мобилизација на 300.000 руски резервисти е уште една потврда на анализите на експертите кои велат дека Владимир Путин сериозно мисли дека Русија е загрозена, што му дава алиби да употреби нуклеарно оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img