Дали рерната извалкана со изгорена храна и маснотии навистина може да се исчисти без производи што содржат хемикалии?
Една жена на TikTok сподели трик кој многумина веќе го следат и кој има повеќе од десет милиони прегледи.
Во своето видео, жената става исечени лимони и вода во сад, а потоа го става садот во рерна и го загрева на 200°C. Иако не прецизира колку време треба да се „пече“ водата и лимонот, некој во коментар напишал помеѓу 20 и 30 минути, по што намокрил крпа во садот со водата и лимонот и со неа ја брише рерната.
На крајот од видеото, жената покажа како изгледа искористената крпа по чистењето, а нечистотијата е доказ дека советот очигледно функционира, пренесува Вечерњи.хр.