Има години од животот во кои се зголемуваат шансите за неверство.Имено, шансата за изневерување на партнерот е двојно поголема на 39 години отколку на која било друга возраст – покажува истражувањето на британскиот портал за пронаоѓање партнери IllicitEncounters.
Заклучено е дека оваа бројка за многумина претставува пресвртница во животот, оттогаш влегуваат во средовечна криза или доживуваат втора младост.
Истражувањата покажуваат и дека луѓето изневеруваат за да го привлечат вниманието на партнерот, особено ако се чувствуваат запоставено и дека не е исклучено изневерувањето од одмазда, пренесува супержената.
Наведени се и 5-те најчести причини зошто некој изневерува:
1. Недостаток на возбуда во кревет (76 проценти).
2. Тоа е добра можност (54 проценти).
3. Врската стана здодевна (46 проценти).
4. Повторно воспоставување контакт со стара љубов на социјалните мрежи (28 проценти).
5. Желба за промена (22 проценти).