More

    Дутра потпиша договор со кој ќе игра до крајот на сезоната

    spot_img

    Бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира е нов ракометар на Вардар 1961 и ќе го носи дресот на македонскиот шампион најмалку до крајот на оваа сезона. Дутра (26) е првото засилување во редовите на Вардар за пролетниот дел од сезоната, а во Скопје доаѓа од шпанската екипа Ла Риоха.

    Договорот со Дутра е со важност до крајот на сезонава, и можност за продолжување за најмалку уште една, соопшти Вардар 1961.

    Дутра е на списокот на селекторот на Бразил за СП во Полска и Шведска, и во Скопје треба да се приклучи по завршување на Мундијалот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img