More

    Драч стана прибежиште за оние кои илегално сакаат да заминат во Италија

    spot_img
    Македонски државјани често бидуваат фаќани во Драч во обид да бидат „гарант” за косовски граѓани кои со фалсификувани документи сакаат оттаму да заминат за Италија, а потоа во некоја западно европска земјам јавува Ора Њуз.
    „Полицијата во Драч денеска информира дека уапсила двајца жители на Скопје, откако биле фатени од службите на граничната полиција како им помагаат на двајца државјани од Косово илегално да ја преминат границата. По завршувањето на дејствијата против четирите лица поведена е кривична постапка“, пишува Ора њуз.
    Според полицијата, исто така денеска, во друг случај, 43-годишен маж од Скопје е фатен како со фалсификувани документи им помага на пет граѓани да ја преминат границата.
    „Се чини дека пристаништето Драч се претвори во транзитна точка за косовските граѓани да одат во земјите на ЕУ. Полицијата секојдневно информира за апсења на државјани од Косово или од Северна Македонија кои се обидуваат илегално да заминат или даваат „помош за илегално преминување на границата“, наведува телевизијата.
    Појавата е зачестена од средината на минатиот месец кога е зголемена фреквенцијата на патници, иселеници и туристи.
    Само утрово преку пристаништето Драч влегле околу 4.300 лица, додека во неделата нивниот број се искачи на 10 илјади, главно иселеници од Албанија, како и од Северна Македонија и Косово, кои летните одмори ги минуваат во родниот крај.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img