More

    Дејвид Шарвет, кој го отелотвори ликот на Мет Броди во популарната американска серија „Чувари на плажата“ повеќе не е актер

    spot_img

    Дејвид Шарвет (49), кој го отелотвори ликот на Мет Броди во популарната американска серија „Чувари на плажата“, повеќе не е актер. Холивуд го замени со градежништво и сега, како што вели, ужива во работата и семејството, пишува „Пејџ сикс“.

     

     

    – Сакав да бидам добар татко кој е присутен, што значи дека можете да ги ставате децата во кревет секоја вечер и да се будите кога тие ќе се разбудат – признал францускиот актер и пејач, кој се откажа од кариерата пред камерите за да се посвети на татковството.

     

     

    Дејвид денес има две деца, кои ги доби со поранешната сопруга Брук Бурк. Ќерката Хејвен има 15 години, додека синот Шеј има 14 години. Поради својата актерска кариера, тој премногу често отсуствувал и бил далеку од семејството.

    – Пред да го добијам првото дете, за пет години патував во 42 земји поради моите концерти. Нема шанси повторно да го направам тоа. Морав да најдам друга смисла на мојот живот. Не сакав да водам ТВ-шоу во Канада, не сакав да патувам низ Европа за да работам на мојата музика. Сакав да останам дома и да бидам добар татко. Сакав да бидам со моите деца секој ден – рекол Дејвид.

    Љубовта кон новата работа, градежништвото, ја открил случајно. Поранешниот актер бил вклучен во изградбата на сопствена куќа во Малибу во 2006 година, откако отпушти изведувач на работите од кој не бил задоволен.

    – Ја завршивме куќата и секогаш кога ќе поканевме некого да ја посетите, луѓето коментираа: „Боже, оваа куќа е толку убава. Дали мислите дека тој би можел да го направи тоа повторно?“ – открил тој.

     

     

    Дејвид Шарвет се занимаваше со глума 20 години, а заминувањето од Холивуд, признава, не било лесно. Извесен период жалел за таа одлука.

    – Имав чувство на тага бидејќи 20 години го работев она што навистина го сакав. Потоа, тука е и промената на идентитетот, што е нешто што не му го посакувам на секој човек бидејќи тоа е многу тешко. По 20 години престанав да бидам тоа што бев дотогаш – рекол актерот и заклучил:

    – Мојата работа денес е да им служам на луѓето. Јас сум сервисер. Јас веќе не сум ѕвезда – рекол Дејвид.

    Имено, Дејвид денес има своја градежна компанија во Лос Анџелес, а деновите, наместо да ги минува во Холивуд, ги поминува на градилишта. Годишно гради од 10 до 14 куќи.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img