Десет лица загинаа, меѓу кои пет деца, во пожар што избувна рано утринава во близина на Лион, Франција, во Волкс-ан-Велин, јавува Ројтерс.Се уште не се познати причините за пожарот кој го изгаснале околу 170 пожарникари со 65 возила.
Во пожарот загинаа 10 лица, од кои пет деца, четворица се тешко повредени, а десет се спасија со полесни повреди. Меѓу повредените има и двајца пожарникари.
Дејвид Анотел, член на Федерацијата на француските пожарникари, изјави дека пожарот избувнал во приземјето на зградата.
Локалните власти соопштија дека пожарот бил пријавен во итните служби во 3:12 часот, пренесува The Guardian.