More

    Данското кралско семејство објави дека четирите внуци на кралицата Маргрет ќе ги загубат титулите како принцови и принцези на 1 јануари 2023 година

    spot_img

    Данското кралско семејство објави дека четирите внуци на кралицата Маргрет ќе ги загубат титулите како принцови и принцези на 1 јануари 2023 година – и вели дека тоа е во согласност со „другите кралски куќи“.

    Овој потег се однесува на вториот син на кралицата, принцот Јоаким. Принцот Николај, принцот Феликс, принцот Хенрик и принцезата Атина од следната година повеќе нема да бидат принцови. Наместо тоа, тие ќе ги користат титулите гроф или грофица и од следната година нема да бидат Нивни височества, туку Нивни екселенции.

    Овој потег нема да влијае на децата на најстариот син на Маргрет и престолонаследник Фредерик, кој има два сина и две ќерки со сопругата, принцезата Мери.

    Во соопштението на данската кралска куќа стои: „Одлуката на кралицата е во согласност со слични прилагодувања што ги направија другите кралски куќи во последниве години. Кралицата сака да создаде рамка за четирите внуци за да можат да ги обликуваат сопствените животи, без да бидат ограничени со посебните размислувања и должности што ги вклучува формалната припадност на данската кралска куќа како институција“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img