Грчки хакери коишто себеси се нарекуваат Powerful Greek Army, објавија во твит дека пред два дена наводно успеале да ја пробијат заштитата на компјутерскиот систем на македонското Министерство за образование и наука, објави Нетпрес.
Во објавата, покрај снимката којашто би требало да ја потврди веродостојноста за кибернетичкиот напад, се наведува и дека е преземена контролата врз базата на податоци на министерството.
Се наведува и дека хакерите имаат целосен пристап и до системот на надзорните камери.
Од Министерството за образование нема информации за овие случувања.