More

    Годишнина од атентатот на Зоран Ѓинѓиќ

    spot_img

    На денешен ден пред 19 години, беше убиен премиерот на Србија и лидер на Демократската партија (ДС) Зоран Ѓинѓиќ, првиот премиер на Србија по падот на режимот на Слободан Милошевиќ на 5 октомври 2000 година.За време на мандатот на Ѓинѓиќ започна процес на демократизација на општеството и радикални економски и социјални реформи.

    Владата на Ѓинѓиќ силно се залагаше за соработка со Хашкиот трибунал за воени злосторства, а за време на таа влада, неколку обвинети беа уапсени и екстрадирани во Трибуналот, меѓу кои и поранешниот претседател на Србија и СРЈ, Слободан Милошевиќ.Ѓинѓиќ беше и еден од основачите на Демократската партија (ДС), на која беше претседател на Извршниот комитет, а од јануари 1994 година до неговиот атентат беше претседател на ДС.

    Тој беше и првиот некомунистички градоначалник на Белград по 1945 година.

    Ѓинѓиќ беше убиен во српската влада на 12 март 2003 година, а неколку часа по атентатот во земјата беше прогласена вонредна состојба, која траеше до 22 април.За убиството им се судеше на водачите на распуштената Единица за специјални операции (ЕСО), Милорад Улемек Легија и Ѕвездан Јовановиќ, како и на членовите на Земунскиот клан.Во август 2003 година, 44 лица беа обвинети за убиство, судењето започна на 22 декември 2003 година во Одделот за организиран криминал на Окружниот суд во Белград, а на 23 мај 2007 година беа прогласени за виновни и осудени на вкупно 378 години во затвор.

    Политичката позадина на атентатот на Зоран Ѓинѓиќ не е истражена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img