Спасувачките служби во централна Индија успеале да спасат десетгодишно момче кое паднало во бунар и останало заробено таму дури пет дена.
Спасувачката операција била исклучително комплицирана бидејќи момчето Рахул Саху било глуво и веќе било толку слабо што веднаш му била потребна кислородна поддршка, пишува Би-Би-Си.
За да се извлече момчето од бунарот длабок речиси 25 метри, биле потребни околу 100 часа, а брзата помош веднаш го пренела на лекување во болница.
Во спасувањето учествувале околу 150 луѓе.