Белгиските власти уапсија маж кој со месарски нож нападна млад човек на железничка станица во Брисел. Напаѓачот е обвинет за напад со умисла.На социјалните мрежи е објавено вознемирувачко видео од нападот на железничката станица во Брисел. Имено, мажот со месарски нож нападнал 17-годишно момче, при што неколку пати го расекол и избодел.
„Видеото го прикажува терористичкиот напад на станицата Брисел-Југ кога џихадистички мигрант, извикувајќи „Алаху Акбар“ нападна патник“, се вели во објавувањето на видеото од надзорната камера.
Младиот човек е тешко повреден, но повредите не се опасни по живот. Недолго по инцидентот, 18-годишниот напаѓач е уапсен. Како што соопштија од тамошното обвинителство, инцидентот е резултат на претходен конфликт меѓу двајца млади мажи, пишува The Brussels Times.