More

    Во Херсон се документираат злосторствата на руските окупатори

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили ја уништиле клучната инфраструктура во Херсон пред да се повлечат, пренесоа светските агенции.

    – Пред да избегаат од Херсон, окупаторите ја уништија целата важна инфраструктура – комуникации, водоснабдување, снабдување со електрична енергија, греење. Русите насекаде имаат иста цел, да ги понижуваат луѓето што е можно повеќе. Но, ние ќе вратиме сè, верувајте ми – рече тој во своето полноќно обраќање.

    Зеленски изјави дека украинските сили деактивирале и 2.000 експлозиви, проектили и мини во градот. Тој објави дека украинските сили повторно ја презеле контролата врз речиси 60 населени места во регионот Херсон.

    Околу 200 украински полицајци сега се стационирани во Херсон за да ги документираат, како што рече началникот на националната полиција Игор Клименко, „злосторствата на руските окупатори“ и да постават патни контролни пунктови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img