Десет лица загинаа во нападот во стоковната куќа Волмарт во Чесапик, Вирџинија, соопшти полицијата.Според извештаите, маж, управител на стоковна куќа, отворил оган, по што се самоубил, пишува Би-би-си.
Градот Чесапик објави на Твитер дека „Полицијата потврди напад со жртви во Волмарт“.
Би-Би-Си наведува дека во моментов има малку детали за инцидентот, но дека еден полицаец рекол дека „помалку од 10 лица загинале“, а повеќе се ранети.
Мотивот на напаѓачот не е познат.