More

    ВМРО-ДПМНЕ: Димитар Ковачевски и Славјанка Петровска ја оставија војската без леб, вода и превоз

    spot_img

    Димитар Ковачевски и Славјанка Петровска ја оставија војската без леб, вода и превоз, обвини денеска Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој во статус на Фејсбук, тврди дека договорите за набавка на леб и вода за војската се истечени, а не се склучени нови и дека Министерството за одбрана сега се обидува да го обнови договорот со досегашниот доставувач на леб.

    „Како ќе го надминат проблемот со недостаток на леб? Од МО прават обиди досегашниот доставувач на леб да продолжи да врши достава иако рокот во договорот е веќе е истечен (!?). Инаку, без организиран превоз останаа и војниците на релациите Скопје-Велес; Пробиштип-Скопје; Куманово-Штип; Битола-Прилеп-Велес; Струмица-Петровец; Делчево, Берово – Штип; но тоа веќе стана нормална состојба – the new normal “, пишува Ковачки.

    Според него, министерката за одбрана Славјанка Петровска е должна да и’ одговори на македонската јавност кој и зошто дозволила да се стигне до оваа состојба и зошто пред месец или два не склучени нови договори за леб, вода и превоз.

    „Дали конечно некој ќе понесе одговорност?“, прашува Ковачки.

    Според него, овој однос кон војската е недозволив.

    „Во 21 век да се гордеете дека сте членка на НАТО, а притоа да си ја оставите сопствената војска без леб и вода, не е ништо друго, туку негрижа и неспособност. Ова е срамот, бедата и јадот по кој ќе биде запаметена оваа антидржавна нелегитимна гарнитура на власт“, пишува Ковачки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img