Откако го заборавил ранецот на железничка станица во Германија, 22-годишнишното момче повикал полиција на помош, но заборавил да спомене дека во неговиот ранец има дрога.
Полицијата стапила во контакт со железничката компанија Дојче Бан, која го пронашла ранецот на станицата во Брауншвајг и го известила сопственикот дека може да го земе.
Во меѓувреме полицијата запленила марихуана и една конзерва амфетамин кои ги пронашле во ранецот. Младиот човек дошол да си го земе ранецот, заработил кривична пријава за поседување недозволена дрога.