Летонските власти во четвртокот урнаа споменик од советската ера во Рига, во согласност со законот усвоен по руската инвазија на Украина и покрај протестите на руското малцинство во балтичката држава.
Споменикот висок 79 метри, поставен во периодот од 1979 до 1985 година за да ја одбележи победата на советската армија над нацистичка Германија, беше уништен со помош на машини. АФП пишува дека стана место за собирање на приврзаниците на Кремљ во Летонија.
Летонија, како и нејзините балтички соседи Литванија и Естонија, е дел од Европската унија и НАТО, и силно ја поддржа Украина по руската инвазија на таа земја.
Секоја година, илјадници Руси, кои сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија, се собираат на 9 мај за да ја одбележат победата во 1945 година.
Но, повеќето Летонци тој датум го гледаат како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година.
Речиси сите споменици и плочи од советската ера, освен оние на воените гробишта, беа отстранети во 1991 година, а споменикот на Рига беше заштитен со договор од 1994 година меѓу Република Латвија и Руската Федерација.