Видео од српскиот претседател на самитот во Прага кој седи сам гледајќи во својот мобилен додека светските лидери собрани во круг не го забележуваат и зборуваат на страна, ги освои социјалните мрежи. „Вучиќ слободното време го поминувал сам, на паузите меѓу важните состаноци“, пишува Нова. Погледнете сами:
Прорежимските медиуми во Србија претходно објавија дека Вучиќ пристигнал во Прага за да им ја „исцица вистината од лицето“ на европските лидери. Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Вучиќ ќе биде „сам против сите“ и дека ќе ја покаже „сета сила на своите аргументи“ на самитот на европската политичка заедница.
Самитот се одржува на идеја на францскиот претседател Макрон, а собрани се лидери на 44 земји. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, претходно изјави дека на настанот ќе биде направен обид да се створи „нов светски поредок без Русија“.
Идејата на Макрон за Европска политичка заедница беше дочекана во јуни како идеја за формирање европска „втора лига“, во која „проблематичните“ земји, како оние од Западниот Балкан или Украина ќе можат да добијат бенефиции без разлика што не се во Унијата. Ова би требало да ги поттикне и да ги забрза нивните евроинтеграции.