More

    Британски советник вели дека светот бил побезбеден за време на Студената војна

    spot_img

    Западот ризикува да влезе во нуклеарна војна бидејќи не разговара доволно со Русија и Кина, изјави британскиот советник за национална безбедност Стивен Лавгроув.

    Според него, светските суперсили подобро се разбирале за време на Студената војна и дека недостатокот на дијалог ја зголемил можноста за погрешна пресметка, пренесе „Би-Би-Си“.

    Тој додаде дека сме во „нова ера на ширење“ каде опасното оружје е лесно достапно.

    Лавгроув зборуваше во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, фокусирајќи се на последиците од рускиот напад врз Украина и како што тој го нарече „лидерски натпревар во ерата по Студената војна“.

    Тој рече дека, за време на децениите на Студената војна, западните сили имаа корист од прерогативи кои придонесоа за „разбирање на советските доктрини и способности, а обратното е исто така точно“.

    „Тоа им даде на двете страни повисоко ниво на самодоверба, за да не погрешно пресметаме и да не влеземе во нуклеарна војна. Меѓутоа, денес ги немаме истите основи со оние кои можат да ни бидат закана во иднина, конкретно, мислам на Кина“, рече Лавгроув.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img