Бред Пит го прошета здолништето на црвениот тепих во Берлин, на проекцијата на неговиот нов филм „Bullet train“.
Како што пренесува Zaphedna.rs, тој носел здолниште до колена и јакна во иста боја, како и розова кошула. Необичниот аутфит го надополни со чизми и очила.
Здолништето на Пит откри и некои од неговите тетоважи на нозете – лице од носорог и човечки череп.
Актерот отсекогаш очекувал мажите да додадат здолништа во нивната гардероба. За ова зборуваше додека го промовираше својот филм „Троја“ во 2004 година.