Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески моментално се наоѓа во странство на санација на акутна реакција од хронична болест од која боледува повеќе години, информираат од Стопанската комора, откако во јавноста се појавија шпекулации.
Азески, како што информираат од Комората, е во добра здравствената состојба и е во процес на брзо закрепнување.
Се очекува да се врати на работните обврски во најскоро можно време.