Медиумите и експертите забележаа чуден симбол на руските тенкови во форма на буквата „Z“. Како што тие влегуваа на територија на Украина, веднаш беа обележувани со спреј на видливо место.
Ова е посебно интересно затоа што латиничниот симбол не е дел од руската азбука.
Како што објаснуваат безбедносните експерти, ова е начин да се обележат возилата во директна битка со непријателот, а посебно при влегување зад непријателските линии и да се избегне несакан напад од своите сили кој можат да не ги препознаат единиците.
Руската и украинскта армија имаат слично оружје па така рускиот тенк Т-72 може да биде помешан со украинскиот Т-80. Ваквото обележување е за да не се случат такви грешки.
Вакви тактики на обележување се користат од Втората светска војна за да се избегне „пријателски оган“ меѓу трупите кои се борат на иста страна.