Македонската претставничка на Евровизија Андреа Коевска, ја заврши промотивна турнејата на која ја промовира песната „Circles“ со која ќе настапи во Торино, Италија.
Андреа беше дел од забавата одржана во Мадрид, Шпанија, во „Sala La Riviera“.
„Ова е моето семејство“, напиша Андреа до групната фотографија од евровизиските претставници.
Андреа изненади со стајлингот. Таа на виолетовиот тепих се појави во целосно црн стајлинг со плисирано миди здолниште и маичка – топ.
Андреа имала моќен настап, а по изведбаата на „Circles“, добила прекрасни реакции од публиката.
Да потсетиме, првата евровизиска полуфинална вечер ќе се одржи на 10 мај, втората на 12 мај, а финалето на 14 мај.
Андреа ќе се претстави во текот на втората полуфинална вечер под реден број 11, а како придружни вокали ќе настапат и Ана Петановска и Рената Кралевска.
ФОТО: Инстаграм