Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави денеска дека нов ексклузивен партнер за изработка на самолепливи сликички за следните две европски првенства ќе биде американската компанија „Топс“ (Topps).
Со тоа е ставен крај на долгогодишното партнерство меѓу УЕФА и италијанската фирма „Панини“, кое траеше од 1977 година.
Договорот за соработка со американската компанија ќе биде на сила до 2028 година, а „Топс“ за амбасадор на ЕУРО2024 го избра прославениот португалски тренер Жозе Мурињо.
Компанијата „Топс“ од порано веќе е официјален партнер на Лигата на шампиони и сите други клупски натпреварувања во организација на УЕФА.