Екпсертите за безбедност од Центарот за стратегиски и меѓународни студии, изведоа компјутерски симулации на евентуалната инвазија на кинеската армија на Тајван. Во поголемиот дел од сценаријата, Тајван има шанси да го одбие кинескиот налет, но доколку во конфликтот се вклучат САД и Јапонија, тогаш постои голема шанса нивните флоти и авиони да бидат уништени.
– Резултатите покажуваа дека во поголемиот дел од симулациите, но не во сите сценарија, Тајван може да ја одбије инвазијата – вели Марк Кенсијан од Центарот за стратегиски и меѓународни студии.
Спореведени се 22 симулации и во 18 од нив, кинеските ракети ги потопиле најголемиот дел од американските и јапонските воени бродови, а во нападот загубиле и огромен број на борбени авиони. Во последната симулација, САД за четири недели војна со Кина би загубиле 900 авиони. Кенсијан наведува дека согласно симулациите, во првите денови од војната, Тајван ќе ја загуби речиси целата морнарица, како и пола од воздугопловните сили.
Во симулацијата не е користено нуклеарно оружје, а во нив е содржана можноста Американците во пресрет на војната да бидат распоредени во повеќе воени бази на островот. Инаку експертите за безбедност не ги покренале сè уште најсложените симулации за евентуалната инвазија, во кои ќе се претпостави дека кинеската армија е решена во потполност да го потчини Тајван, со употреба на копнени единици кои би извршиле десант на повеќе локации.
Во моментов, околу Тајван се одвиваат големи вежби на кинеската армија, која тестира дел од конвенционалниот арсенал што ѝ e ставен на располагање.