Американската пејачка Мајли Сајрус објави дека е позитивна на коронавирус.
Пејачката верува дека вирусот го добила за време на неодамнешната турнеја низ Јужна Америка, прва во последните седум години – настапуваше на фестивалот Лолапалуза во Аргентина, Чиле и Бразил, како и на концертот во арената во Богота, Колумбија.
Мајли објави твит во кој им порача на фановите дека е позитивна на вирусот, но дека не жали поради одржаната турнеја:
„Патувајќи низ светот, пеејќи за 100.000 луѓе ноќе и запознавајќи стотици обожаватели дневно, шансите да заболите од ковид се доста големи. Сега имам ковид, но дефинитивно вредеше“, напиша Мајли.
Во продолжение на твитот, Мајли објаснила дека како резултат на нејзиниот позитивен тест на вирусот била принудена да се повлече од закажаниот настап на Janie’s Fund. Откако беше распродадена четврта година по ред, вечерта поврзана со Греми е филантропски потфат, чиј домаќин е фронтменот на Аеросмит, Стивен Тајлер, чија цел е „да им донесе надеж и исцелување на девојките кои претрпеле траума од злоупотреба и запоставување“.