More

    Александар Вучиќ, претседателот на Србија ја направи својата прва батерија од литиум во својот живот заедно со српски студенти во Норвешка

    spot_img

    Александар Вучиќ, претседателот на Србија ја направи својата прва батерија од литиум во својот живот заедно со српски студенти во Норвешка.

    „Да ми кажеше некој дека ќе успеам да направам батерија за време на мојот живот, немаше да му верувам. Горд сум што видов и научив нешто ново“, напиша Вучиќ на Инстаграм и сподели видео на кое се гледа како носи бел мантил и ја прави батеријата.

    Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека се покажал како најглупавиот претседател на светот затоа што попуштил под притисокот на јавноста во врска со ископувањето литиум во Србија.

     

    – Не разбирам зошто протестираа пред Влада, кога протестираат тоа треба да го направат пред Претседателството, а јас ќе им се обратам и убаво ќе им кажам – луѓе, вие ја уништувате државата – рече Вучиќ. Тој ги обвини лидерите на протестите дека добиваат пари.

    – Мислам дека подобро од вас знам што е добро за Србија. Некои луѓе не веруваат затоа што верувале во теории на заговор, тие се добри и чесни луѓе. А други не веруваат затоа што добиле пари за тоа – додаде тој.

    Српскиот претседател рече дека делот од земјата што бил наменет за рударство, вклучително и западниот дел околу регионот Лозница, е најнеразвиениот дел од земјата, па дека тој особено ќе профитира од петте милијарди евра што би му се трупале како резултат од копањето литиум.

    – Цената за тон литиум денес е 82.500 долари , а со овие резерви е 100 милијарди. Дали разбирате што правите на Јадра, Осечина, Ваљево и на цело Подриње? – прашува Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img