More

    Актерот доби 20 години затвор за шокантната измама

    spot_img

    Актерот Закари Хорвиц, попознат како Зак Ејвери, кој признал дека измислувал филмски проекти за ХБО и „Нетфликс“ во рамки на шемата Понци вредна 650 милиони долари, за која обвинителите велат дека е најголема во историјата на Холивуд, е осуден на 20 години затвор.

    Американскиот окружен судија Марк Ц. Скарси му наложил на Ејвери да исплати 230 милиони долари надомест на повеќе од 250 жртви, вклучувајќи и некои кои се финансиски уништени во, како што го нарекле обвинителите, злосторство од „шокирачка големина“, пишува „Јаху“.

    Хорвиц му рекол на Скарси дека донел „погрешни, грозни одлуки“ додека се обидувал да продре во филмскиот бизнис и дека му е жал поради „огромната болка и тешкотиите“ кои ги предизвикал. Неговите адвокати му рекле на судијата дека Хорвиц „не е психички добар“ и дека не би требало да го пропушти растењето на неговите два мали сина.

    Судијата Скарси навел дека ниту Хорвиц ниту неговите адвокати не понудиле никакво објаснување за огромните трошоци кои ги откриле федералните истражители.

    Имено, 706.000 долари биле потрошени за уредување на ентериерот, 605.000 долари за автомобили на брендовите „мерцедес“ и „ауди“, 345.000 долари за патувања со приватни авиони и јахти, 174.000 долари за консултантски услуги во Лос Анџелес, 136.000 долари за казина во Лас Вегас…

    „Сето ова се расходи од тешко заработени пари на други луѓе“, изјавил судијата Скарси.

    Хорвиц се изјаснил виновен за измамата во октомври. Признал дека фалсификувал договори за дистрибуција на филмови на ХБО и „Нетфликс“ со цел да измами инвеститорите да му дадат најмалку 650 милиони долари.

    Хорвиц  се држел до шемата речиси 7 години, користејќи ги парите кои ги земал од новите инвеститори за да ги отплати старите со принос од 25 до 45 отсто. Кога измамата пропаднала, Хорвиц им должел 230 милиони долари.

    Обвинителите велат дека од тие пари го покрил својот луксузен живот и купил вила во Беверливуд од 5,7 милиони долари со просторија за проекција и вински подрум. Што се случило со остатокот од парите, е нејасно.

    Адвокатите на Хорвиц сугерирале дека штетата е преценета, предложиле актерот да должи само 60 милиони долари и го повикале судијата Скарси да ги разгледа неодредените психолошки проблеми кои датираат од неговото детство.

    И покрај наредбата за враќање на имотот, обвинителите признале во судскиот поднесок дека „шансите се речиси нула“ Хорвиц некогаш да врати повеќе од мал дел од оваа вртоглава сума. Тој е прикажан како пресметан измамник чие каење било неискрено.

    – Лагите до кои се држел со години, биле сржта на неговиот идентитет. Бил професионален криминалец и, на несреќа на неговите жртви, бил многу добар во својата работа. Штетата нанесена на жртвите не може да се процени“, се наведува со судскиот поднесок.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img